ВЕЧЕР ЗА ПИАФ ЗА ПАМЕТЕЊЕ

Nezaboravna francuska vecer niz scenografija i muzikaГодинашното издание на Француската вечер ги надмина сите очекувања, кога на театарската сцена во француски стил од првата половина на минатиот век, петнаесетина гимназијалци, франкофони, низ музичка изведба, ја раскажаа животната сторија на Едит Пиаф, француска пеачка која остави длабока трага во светската музичка историја. Познатите рефрени на Пиаф кои ги пееа Бистра Петреска, Магдалена Кузманоска, Јана Мицеска, Наташа Ристеска, Филип Димовски, Филип Шабаноски, Ангела Зероска, Анастазија Христоска, Михаел Милошески и францускиот волонтер Јоан Шумахер не ги оставија рамнодушни присутните. Низ музичките ноти се “наслушнуваа” и солзи, насмевки, потпевнување, а изведбата беше поздравена со громогласен аплауз. Главен “виновник” за несекојдневното доживување беше професорката по француски, Мирјана Бошкоска, која редовно со учениците приредува настани за паметење.

Водители беа Боркица Тинтоска, Лиле Ристеска и Филип Димовски. Музичка поддршка беа гитаристите Марко Цветаноски, Филип Шабаноски и Јоан Шумахер, пијанистите Бистра Петреска и Петар Цветаноски, а за сé да звучи беспрекорно се погрижи Стефан Кукески. За дизајнот на сцената и на плакатите се погрижи Христијан Стојкоски. А техничка и сценска помош во реализацијата беше професорот Николче Богданоски.

Помеѓу публиката на оваа незаборавна француска вечер беа и претставници на Францускиот културен центар и Француската амбасада во Македонија.

Loading