ЕКО ДЕН – ЗА ЧИСТА ОКОЛИНА И ДРУГАРСТВО

Brzo slikanje vo priroda za eko-denotПод мотото „Еко-ден, сите заедно“, со низа активности како уредување на кабинетите, спортските сали и училишниот двор, ученички натпревар за најдобар рецитатор, со рецитирање стихови за пролетта, ученички натпревар за најдобра лична творба на тема, “Ја сакам пролетта”, ликовен натпревар, спортски натпревари, со пишување мисли на англиски и германски јазик, Гимназијата го одбележа Денот на екологијата и пролетта. Не само што ја подигаа еколошката свест кај младите, отворениот еко-ден беше посветен и на чистата околина, кога царуваат сонце, другарување, музика и насмеани лица.

Жири-комисијата во состав на родителите Даниела Желческа и Тања Димоска,  претседателот на Младинската, Панче Патоски, претставник од Младинската, Надица Парапанска и професорката по македонски, Ленка Јованоска имаше тешка задача да ги избере најдобрите. Врвен рецитатор беше заедничкиот настап на Елеонора Михаиловска и Давид Гагалески. “Пролет” од Симона Паскоска беше избрана за најдобра лична творба. Од уметничките дела нај беа оние на Наталија Аризанкоска и Борјана Конеска. А најубава мисла за природата и екологијата напиша Леонардо Лазов на англиски, а Теодора Стеваноска на германски. Меѓу спортистите најдобар беше Марко Нанески, а од девојките Марија Спасеска.

На отворениот еко-ден учествуваа и родителите, при што беше имплементиран проектот на МОН “Заедничка грижа за правилно насочување на учениците”. Одговорни беа педагогот Светлана Барлакоска и професорите Весна Михаиловска, Ленка Јованоска, Весна Илиеска, Бети Наумческа, Гордица Димитриевска Груеска, Николче Богданоски, Татјана Иваноска, Анкица Стеваноска Јанческа и Дејан Стерјоски.

Loading