ФРАНКОФОНИТЕ СО ПРВОТО МЕСТО ЗА СКЕЧ ДО БУГАРИЈА

pobednickata-ekipa-frankofonija-2016Дарио Илиоски, Боркица Тинтоска, Симеон Мерипушкоски, Симона Стризлоска и Теодора Тасевска во режија и под менторство на Мирјана Бошкоска, со волонтерите Јоан Шумахер и Албане де Лисле, како сценаристи, воодушевија со изведбата на француски на десетминутен скеч “Un métier peut en cacher un autre” (Позади една професија се крие друга) и “заработија” прво место на натпреварот по франкофонски театар, “Една личност – една професија”. Покрај силната конкуренција, Гимназијалците го  оставија жирито без зборови, а на публиката во Младинскиот културен центар во Скопје í “измамија” насмевки. Нивниот талент, поткрепен од максималната посветеност и труд и со желбата за дружење, говорејќи го францускиот јазик, во април ги носи во Стара Загора, Бугарија, каде ќе ја преставуваат не само Гимназијата, туку и државата воопшто на Франкофонијата на балканско ниво.

Loading