РАСАДНИК НА МАТЕМАТИЧКИ ТАЛЕНТИ

Matematicko slefi pred natprevarГимназијата продолжува да биде расадник на таленти, а неизбежни се математичарите. И на годинашниот државен натпревар по математика имаше свои, дури седум претставници. Меѓу нив, Ѓорѓи Коцески од прва година извојува сребро под менторство на Маријана Спиркоска. Со освоеното второ државно место обезбеди билет за математичката олимпијада, со верба и надеж дека Коцески ќе ја продолжи долгогодишната традиција на гимназијалците за учество и на меѓународните математички натпревари.

Пофалници добија Ивана Дукоска, Михаела Павлеска, Славчо Премчески и Илчо Талески, а учествуваа и Симона Тошеска и Ана Георгиоска.

Гимназијата веќе три години освојува први места на државно ниво по математика и учениците учествуваат на математички олимпијади, со што продолжуваат успесите и постигнувањата во оваа природна наука.

Loading