ПРЕТПРИЕМНИЧКО УЧЕЊЕ СО ХРВАТСКА ГИМНАЗИЈА

Se mesaat gimnazii - prilepska i rieckaТим од Гимназијата составен од професорката Весна Паноска – координатор на проектот, Кети Ефремоска – професор по англиски јазик, Димитар Ристески – изготвувач на финансискиот план и  професорот Николче Богданоски – раководител на тимот, имаа посета на Првата Сушачка Хрватска Гимназија во Риека да разменат искуства во проектот за претприемничко учење во организација на SEECEL. Љубезно и гостопримливо беа пречекани од директорката на тамошната гимназија, Џудита Франко, координаторот на проектот, стручниот соработник Горан Грачанин, од професорскиот тим кој работел на проектот, како и од претседателот на ученичкото собрание, Никола Бабиќ. И едните и другите, ги претставија училиштата, изнесувајќи ставови за проектот, при што заеднички разгледуваа можности на каков начин низ образованието да се мотивираат и охрабрат учениците да ги креираат и реализираат бизнис идеите и плановите. Низ подолга прошетка низ училиштето, професорот по ликовна уметност, Теодор де Канциани, ги запозна нашинците со историјатот, библиотеката, просториите и ретките материјални збирки на Сушачката гимназија. Заедно со директорката ги прошетаа и низ Риека да се запознаат со најзначајните културно историски знаменитости. Задоволни од приемот, ветија продолжување на соработката, возвратна посета и заедничко учество во идни проекти.

Sredba so makedonsko drustvo vo RiekaПри престојот во Риека, се сретнаа и со претставници на Заедницата на Македонци во Хрватска во просториите на Културното друштво “Илинден”. Беа пречекани од претседателот на Заедницата и претседател на КД, Илија Христодулов, од еден од основачите на друштвото, Владо Настески, Илија Младенов, претседател на Македонската црковна општина “Св. Цар Константин и Царица Елена”, од претседателка на Собранието на Македонското национално малцинство на Риека, Ванѓа Калиќ и лекторот по македонски јазик на тамошниот филозофски факултет, Ана Азеска. На средбата на која присуствуваше и директорката на Сушачката гимназија, покрај краткото претставување на Гимназијата и Прилеп, се разговараше со дијаспората за актуелните случувања во Македонија, правејќи паралела на животот со оној во Риека, односно во Хрватска,… па дури се изнајдоа и роднински врски. За спомен и поздрав од Прилеп, им оставија десетина книги на македонски јазик, донирани од Библиотеката и од Завод и Музеј. Покусо не останаа “Илинденците”, кои подарија литература и најновиот број од нивното гласило “Македонски глас”. Се надеваат на натамошна соработка со Македонците од Риека.

Loading