ПОБЕДА ЗА ВТОРО МЕСТО

Одбојка

Одлична организација и квалитетни дуели имаше во салата на СОУ “Ѓорче Петров” од Третиот турнир на Младинската женска одбојкарска лига. Домашниот 11 Октомври со 2-1 славеше над Тин волеј од Тетово. Победата е вредна, затоа што е задржување на второто место. Пласманот води во плеј-офот во разигрувањето за титулата. На вториот меч 11 Октомври очекувано загуби со 0-2 од фаворитот Јанта волеј (Скопје).

Првото место во групата со максимални 12 бода е за Јанта волеј.

Loading