ЗЕЛЕНИЛО И ВО ТОЧИЛА 2

Tocila 2 vo zelena rubaНа површина од 20 илјади м2 комплетно се уредуваат парковите во Точила 2. Се дотеруваат и пешачките патеки, рабниците и се засадува трева.

– Планирана е градба на детски игралишта. Ќе се постават клупи и корпи за отпад. Се урбанизира и се разубавува просторот со зелени површини, кои, со пораснатата еко свест на граѓаните и службите, се одржува хигиената – вели градоначалникот Марјан Ристески.

– Новиот парк ќе се одржува со техничка вода. Ископани се бунари и е инсталирана мрежа за наводнување – вели Златко Ристески, директор на Комуналец.

Пред две години беше уредена Точила 1 со вложување на буџетски средства од 12 милиони денари.

Loading