ЗАЗДРАВУВА ЕУРОКОМПОЗИТ

EurokompozitСе консолидира загубарот Еурокомпозит 11 Октомври, по долгогодишната економска агонија.

– Се реализираат договорите со домашни и странски партнери. За 220 вработени е обезбедена работа за следните две години – вели директорот Марјан Додовски.

Во фабриката за наменско производство, од овој месец редовно се земаат платите, зголемени за 20 отсто, и се плаќа здравственото осигурување.

Според Додовски, останува отворена опцијата за пронаоѓање стратегиски партнер. Повеќе странски компании се заинтересирани за влез во некогашниот гигант.

Loading