МИРЧЕСКА ВТОРА

Борење

Katerina MirceskaНа Младинскиот изборен турнир во Радовиш солидни резултати на борачите од БК 7 Мај Леов. Во категоријата до 57 кг. Теодор Темелковски киксира во полуфиналето со противник од скопска Лирија и мораше да се задоволи со третото место. Меѓутоа, дури и да победеше немаше да се оствари желбата да се сретне со Русинот, натурализиран Македонец, Егоров, кој не се појави на турнирот. Во потешката тежинска група до 65 кг. Христијан Пенков беше трет.  Во женска конкуренција второ место освои Катерина Мирческа, бидејќи во финалето загуби од пет години повозрасна скопјанка. Втората клупска претставничка, Маја Дејкоска, беше трета.

Loading