КАНАДСКА ПОБЕДА

Историја

Колку беше ценето името на ФК Победа покажува писмото од Канада, објавено во печатот во април 1988 година. Во него Македонците на печалба во Торонто известуваат за активностите за новиот фудбалски клуб со име “Прилепска Победа”. Образложението е сосема очекувано во тој период, кога екипата предводена од тренерот Кирил Анески се бореше за влез во Прва југословенска лига и со резултатите беа одушевени сите сонародници каде и да се наоѓаа. Новоформираната, Прилепска Победа, уште во првата сезона постигнала успех со освојување на првото место во Третата  и пласманот во Втората лига на Торонто.

Најавен бил турнир со план за покана на повеќе иселенички клубови, а главен гостин во Торонто требала да биде оригиналната Победа.

Loading