24 ЧАСА ГРАТИС НА ЧЕТИРИ ГОДИНИ

КАКО ЌЕ ГО ПОМИНАТ ПРИЛЕПЧАНИ 29-ИОТ ДЕН ОД ФЕВРУАРИ?

Наместо годината да трае 365 дена, како што сме се научиле, оваа  е различна, престапна. Февруари како најмал месец со 28 дена, грабнал уште еден ден фазла. За многумина 2016 година со 366 дена, не е ни к’сметлија, ни баксузна, туку е само година со ден повеќе. Се верува дека сé што се прави во престапна година има кус рок.

Дури и во време кога уште се одржуваат верувањата дека престапната година ќе биде несреќна, или ќе донесе нешто страшно, во контекст со суеверијата, к’смет е раќањето на 29-иот ден од месецот на мачките, а несреќа е венчавањето, оти браковите склучени во овој месец не биле трајни. Владее убедување понекаде дека во февруари со 29 дена, не се прават свадби и венчавки. Ниту пак се градела куќа, нити се продавал имот. Среќлии се само децата родени во таквата година, за кои се сметало дека се посебни.

Наспроти сите верувања и играта на календарот со деновите,  не е исклучено годинава да биде “благодетна” година, оти ни дава гратис ден. Родените на 29-иот ден од февруари имаат ретка можност да слават роденден, односно на секои четири години.

1 Olja KoviloskaОлја Ковилоска: Ден повеќе, ден постар. Ми асоцира на луѓето кои роденденот не го слават секоја година, а постарите го сметаат негативно. Велат дека не се склопуваат бракови, нема веридби, свадби, оти постоеле разводи.

 

 

 

 

 

 

 

 

2 Metodija KoteskiМетодија Котески: Еден ден повеќе за љубов. Можеби од толку многу денови, овој ден ќе го посветиме целосно на љубовта и со ништо друго нема да се заморуваме. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

3 Goran StojanoskiГоран Стојаноски: Ден повеќе за кафе пиење со пријателите. Фазла ден е среќа. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

4 SlobodanСлободан: Ништо не значи еден ден повеќе. Се случува на секои четири години и не е којзнае што.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

5 Hidela SkrejlХидела Шкрејл: Ден фазла за учење. Ќе имам ден повеќе да научам нешто повеќе. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

6. Suzana TaleskaСузана Талеска: За сé ќе се најде. Ден фазла за ручек, за работа. Од толку обврски и напнатост, најмногу би го искористила за одмор. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Снежана Василеска: За ручекот не ни размислувам, тоа е секојдневно. А да се има на секои четири години еден посебен ден, не би го дала за ништо друго, освен за прошетка.

7 Dime SarkoskiДиме Шаркоски: Ден повеќе, плус работен. Не се куртулува од работа. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

8 Edina SkrejlЕдина Шкрејл: За љубов, оти треба сé повеќе љубов да има.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

9 RozaРоза: Без размислување би го искористила за шетање со внучињата.  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

10 Marija KalcoskaМарија Калцоска: Ден повеќе, за ручек, за шетање со детето, за малку повеќе релаксација.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

11. Kristijan AndonoskiКристијан Андоноски: Годината чести еден ден повеќе. Ден гратис за љубов. Ете тоа би ти значело, иако е ист како претходните.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

12 Daniela MiceskaДаниела Мицеска: Ден повеќе за љубов, оти секој ден минат без љубов, е изгубен ден.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НЕСРЕЧА ДА СЕ ВЕНЧАШ

На Запад станало обичај девојките да ги бараат момчињата за брак на 29 февруари. Бебињата родени во престапна година во Ирска законски се даруваат со 100 фунти. Постои и термин “престапни деца”, за родените на 29 февруари.

Некаде не засадуваат овошје, оти владее страв дека ке дава плод секоја четврта година.

2016 ДЕЖАВУ НА 1988 ГОДИНА

Во годинешниот календар, февруари е со 29 дена. Престапна година се појавува еднаш на четири години и е начин календарската година да се синхронизира со годишните времиња. Тие се повторуваат при секој циклус на вртење на Земјата околу Сонцето. Едно вртење трае 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46 секунди или приближно 365,25 дена или годината е заокружена на 365 дена. Меѓутоа, остатокот од речиси 6 часа се “собира” и во текот на 4 години се добива “вишок” од 24 часа или цел еден ден. Затоа секоја четврта година се додава еден дополнителен ден, кој во Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар му припаѓа на февруари. Февруари ќе има дури пет понеделници. Последен ваков календар, со исти денови и датуми во годината имаше во 1988 година, а следниот ќе биде по 28 години, во 2044 година.

Календарската статистика, вели дека 29 февруари, во интервал од 400 години најчесто паѓа во понеделник или во среда дури по 15 пати.

Loading