ПОДАДЕНА РАКА

Локалните власти, комуналните претпријатија и други јавни служби и приватни претпријатија им помогнаа на станарите од зградата кај паркингот на кружниот тек Карпалак во санирање на последиците од пожарот од јануари. Заедницата на сопственици изрази благодарност до сите надлежни служби и останатите добри луѓе кои подале рака и придонес за побрзо пребродување на непријатните моменти и полесно влегување во нормалниот тек. Територијалната противпожарна екипа, итната помош и другите субјекти несебично влијаеле во нормализацијата на условите за живот.

Loading