ЕДНА ГОДИНА СПИЕЛ ДО МРТВАТА СЕСТРА

Морбидна случка

– Телото го прскал со спрееви против мушички и црвје, а да не мириса го покрил со ќебиња

zamateno liceto Dali bratot se plasel od pogrebnite trosociОбдукцијата треба да покаже кога и како починала 49-годишната Милка Наумоска, чие тело беше пронајдено во семејниот дом на улицата “Браќа Ламески” бр.1а.

Скриено во една од собите, покриено со неколку ќебиња, телото во распаѓање, како мумија, го чувал една година братот Јане (50). Морбидната случка како сценарио за филм, ја разбуди љубопитноста, зашто чудно е да се живее 12 месеци под ист покрив, соба до соба, со човечки леш, без да дозволи некој да се доближи до домот и никој од околината да не забележи.        

Јане и Милка Наумоски живееле сами, откако пред три години починал нивниот татко. Од Центарот за социјални работи велат дека двајцата не биле корисници на социјална помош, но во ноември 2014 Наумоски поднел барање за социјална помош и им било одобрено. Но, никогаш не било реализирано, зашто Јане не дошол на контрола. Тој поднел само барање. Кога социјален работник во февруари годинава дошол во нивниот домот, Наумоски одговорил дека сестра му е излезена. Му станало сомнително и ја алармирал полицијата, која го открила телото во една од просториите во куќата.

Според Гоце Јонзоски, раководител на службата за итна медицинска помош, жената била мртва повеќе од една година.

– Телото било чувано во посебна просторија, прскано со средства против мушички и покриено со неколку кебиња. Личело на мумија, како во египетските филмови – вели Јонзоски.

Од Центарот за социјални работи објаснуваат дека добиле повик да им се помогне на Јане и Милка Наумоски кои биле со нарушено здравје. Социјалниот работник Јасмина Митреска со колегите отишле на место да јапроценат социјалната состојба.

– На вратата нé пречека Јане. Ни дозволи еден метар да влеземе во просторијата и побара да излеземе. Се почувствува силна непријатна миризба. На прашањето каде е сестра му Милка, одговори дека е излезена и не знае кога ќе се врати. Случајот го пријавивме во полицијата – изјави Митреска.

Полицијата интервенирала, покрај отпорот на Наумоски. Го нашла телото на 49-годишната жена. Наводно, телото го криел поради немање пари за погреб.

Обвинителството ги презеде соодветните дејствија за расветлување на причините за смртта.

Се очекува надлежните органи да го најдат расплетот на семејната трагедија.

Loading