ДО БИТОЛА И ДО СКОПЈЕ СО НОВ ВОЗ

Пристигна втората нова гарнитура за македонските железници

– При крај е реконструкцијата на железничката станица

– Наскоро по шини до Лерин

Kineksiot voz od kamion na siniteПристигна и вториот воз кој ќе сообраќа на релацијата Скопје – Битола. Прилепчани наскоро ќе се возат со новите современи возови, кои доаѓаат од Кина. Втората модерна возна гарнитура со која ќе се поднови возниот парк на Македонски железници пристигна на солунското пристаниште, од каде ќе биде пренесена во Македонија. Станува збор за дизел моторна гарнитура, која е предвидено да биде пуштена во сообраќај наскоро. Според најавите, ќе сообраќа на релација Скопје – Битола. Следните возови ќе пристигнуваат сукцесивно, по два, и најдоцна до месец април сите ќе бидат во Македонија.

– Со набавката на новите шест возови, обновата и изградбата на нови пруги, како и реновирањето на железничките станици, ќе се направи целосна обнова на железницата – најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.  

До крајот на април во Македонија ќе пристигнат шесте возови според договорот.

– Постојано сум информиран за динамиката на изработка и подготовка на возовите во Кина за Македонија. Ќе пристигнат до крајот на април. Освен возовите, вршиме рехабилитација и реконструкција на железничките станици на Коридорот-10. Во завршна фаза е и реконструкцијата на железничката станица во Скопје. Вложуваме и во изградбата на нови пруги со што ќе направиме целосна обнова во железницата – изјави Мисајловски.

Bleska zeleznickata stanicaОд Министерството за транспорт и врски информираа дека железничката пруга на релација Битола – Кременица до границата со Република Грција се гради, но со забавено темпо. Министерот Мисајловски најави дека ќе бара од компанијата што го доби тендерот да претстави нов динамички план и да се придржува кон него. Санацијата на пругата кон соседна Грција, ќе овозможи железничко поврзување со Лерин и Солун, полесен и поекономичен транспорт на стоки од солунското пристаниште кон земјава.

Претходно како дел од проектот беа набавени нови 150 товарни вагони, инвестиција од 13 милиони евра. Со новите возови, се предвидува да бидат покриени околу 60 проценти од линиите во патничкиот сообраќај. Се најавува набавка на три нови локомотиви, а склучен е и договор за реконструкција на халите за одржување на возовите. Започна да се реновира скопската железничка станица, а во предвид е реновирање и на битолската.

Loading