КРКАЛ ЌОТЕК СОПСТВЕНИК НА НОЌЕН КЛУБ

Неколкумина пијани гости со шипки го тепале четириесет и тригодишниот (Г.Р.) сопственик на ноќен клуб, оти побарал да ја наплати сметката. Наместо пари, тие му дале ќотек и заминале без да платат. Лекарите во болницата констатирале телесни повреди и посекотини во главата.

Според полицијата, тројца посетители (В.К.), (З.Д.), (Д.Н.) и уште неколку непознати лица, по првата рунда кавга и тепачка со сопственикот, пијани заминале од угостителскиот објект и пак се вратиле утрината маскирани и со железни шипки во рацете. Ја скршиле влезната врата, го испрскале со спреј-солзавец и физички го тепале сопственикот со шипките. Се движеле покрај масите и шанкот, а гостите панично бегале од страв, да не ги анајди “судбината” на сопственикот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на тепачите.

Loading