ЕМ ЗАНАЕТ, ЕМ ПАРИ, ЕМ РАБОТА

Обуките шанса за невработените

– Мерки по мерка на невработените и бизнисмените

Praktikantite stanuvaat vraboteniНад 150 граѓани се пријавиле на повикот на Агенцијата за вработување да користат грантови за самовработување. Огласот за мерката за самовработување со 3 илјади евра неповратни средства во опрема и репро материјали и плус едно вработување кое носи 1,5 илајди евра, заврши. Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека оваа владина мерка е најискористена и градот е лидер во ползувањето грантови од државата, особено за самовработување. Во минативе осум години ја искористиле 650 прилепчани.

Вера Ристеска од Центарот за вработување, нагласи дека прилепчани се крајно заинтересирани и веќе пристигнале 150 барања за новиот циклус државни грантови од по 3 илјади евра.

– Прилеп е водечка општина во искористеноста на владините мерки, особено со грантови за самовработување. Досега голем интерес имаше за започнување бизнис од трговијата, услужните, како фризери, браварските, лимарските дејности – објасни Ристеска.

Локалната самоуправа и Регионалната стопанска комора ги повикаа невработените и работодавачите да ја искористат и мерката за обука и субвенционирано вработување.

Градоначалникот потенцира дека со огласот кој трае до крајот на годинава, вработување може да најдат голем број невработени, почнувајќи ја тримесечната обука.

– Мерката им одговара и на невработените и на работодавачите. Имаат три месеци платена обука по 6,2 илјади денари, шест месеци со платени придонеси од 14 илјади денари и 5 илјади денари за работодавачот по лице, со обврска да го задржат субвенционираниот работник 12 месеци и да не го намалат бројот на вработените – посочи Ристески.

Според Ристо Најдоски, извршен директор на Регионалната стопанска комора, работодавачите веќе бараат обучени кадри во стручните занимања.

– Бенефити имаат и работодавачите. На последната седница на Управниот одбор е заклучено дека еден од главните проблеми е недоволното обучени работници, посебно во стручните занимања. Затоа е добра шанса да се искористи оваа мерка. Работодавачите бараат обучени работници од дефицитарните занимања, како бравари, заварувачи и текстилни работници – рече Најдоски. 

Loading