ПЛАСТИЧНИ ДЕЛОВИ ЗА БМВ, МЕРЦЕДЕС… ОД ЗОНАТА АЛИНЦИ

Германската компанија Акомпласт ќе вложи три милиони евра за нова фабрика во која ќе најдат работни места 150 невработени

Aiirlija neka e gradbataВо технолошко-индустриската развојна зона Алинци е поставен камен-темелник за изградба на фабрика на германската компанија Акомпласт.

Станува збор за инвестиција вредна три милиони евра која ќе овозможи 150 вработувања. Во објектот, кој треба да биде завршен налето, ќе се произведуваат делови за автомобили по најсовремена технологија кои ќе бидат наменети за европскиот пазар и големите автомобилски брендови како што се БМВ, Дајмлер, Ауди, Фолксваген, Мерцедес,  Бентли, Јагуар.

I makedonska tradicijaНа отпочнувањето на градбата присуствуваше премиерот Никола Груевски кој истакна дека ова е петта инвестиција во државата која се промовира за само пет дена и изрази надеж дека свое вработување ќе најдат голем број млади од техничките струки од Прилеп и околината.

– Навистина радува фактот што бизнис климата која што ја создадовме сите овие години и интересот што успеавме да го разбудиме кај компаниите од целиот свет ни овозможуваат постојано да имаме вакви прекрасни настани со странски инвеститори. Порано се сметаше за успех доколку нова странска инвестиција во Македонија се појави во две или три години еднаш. Денес странските инвеститори се тука скоро секој ден. Постојано комуницираме, преговараме, ги информираме и помагаме. Благодарение на таквата наша работа ни се случуваат вакви циклуси во кои речиси секој ден означуваме нова инвестиција во Македонија. Тоа јасно говори за реформите кои ги спроведуваме и за имиџот којшто го создадовме за нашата земја. Тоа јасно говори и за темпото и динамиката со кои работиме. Така ќе продолжиме и во иднина – порача премиерот Груевски.

Moderen objekt do letoПретставникот на Акомпласт и управител на нивната компанија формирана во Македонија Инџекшн молдинг Прилеп, Инес Андре, истакна дека одлуката за инвестирање во Прилеп ја донеле бидејќи тука им биле понудени најдобри услови и поддршка од Општината, поради добро обучениот кадар, како и отвореноста за соработка на Владата. Обраќајки се на македонски јазик истакна дека првите информации за можностите за инвестирање во Македонија ги добиле во 2014 година, а веќе во март 2015 година ја формирале компанијата Инџекшн молдинг Прилеп.

Nazdravje za novata investicija–  Во Македонија откривме многу градови, едно училиште и голем број на разни производни објекти и се сретнавме со голем број на луѓе. Дома ги оценувавме сите впечатоци, но набргу и ни беше јасно дека тоа ќе биде патот каде ќе се упати нашата фирма каде што во иднина ќе им понудиме на нашите клиенти целосен конкурентен пакет на нашите производи. Ковавме планови за површината запроизводството… Одлучивме за Прилеп, оти ги пронајдовме најдобрите услови, централна позиција, подршка од општината, добро обучени луѓе и се чувствувавме скоро како дома. Ја основавме фирмата Инџекшен Молдинг Прилеп. Така се собравме да го означиме почетокот на остварувањето на нашиот проект – рече Инес Андре.

Potpis na dogovorot za invetiraweФранк Михаелис, еден од управителите, посочи дека првата и најважната релација кога една германска компанија во Македонија гради фабрика е врската меѓу двете земји, а докази за македонско-германското пријателство не се само збратимените градови Скопје – Дрезден и Скопје – Нирнберг, туку и постојано растечката економска врска меѓу двете земји.

– Се надевам дека оваа фабрика ќе придонесе за продлабочување на таа врска – рече Михаелис.

Nova sansa za  150 nevraboteniМинистерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески во своето обраќање нагласи дека денеска Македонија добива уште еден член во семејството на странски компании во автомобилскиот сектор. Македонија како своја нова производствена локација ја одбрале во конкуренција на повеќе држави во регионот, пред сé поради бизнис климата, квалитетната работна сила и одличната инфраструктура.

Razdvizuvanje na lokalnata ekonomija– Со овој инвестициски проект Македонија стекнува уште еден доверлив и сигурен снабдувач на висококвалитетни производи кои ќе се користат во автомобилската индустрија и ќе ни овозможат привлекување на компанија производител на автомобили која ќе го заокружи целиот процес на производство, што впрочем претставува и наша крајна цел – подвлече Павлески.

Задоволство од новата инвестиција во ТИРЗ Прилеп изрази и прилепскиот градоначалник Марјан Ристески кој посочи дека покрај новите работни места очекува инвестицијата да донесе заживување и на локалната економија, а ќе овозможи и продуцирање на стручни кадри.

Svecen start na gradbata– Со доаѓањето на Акомпласт, Гентерм, Филип Морис и други светски компании, Прилеп станува препознатливо место за инвестирање во Македонија и во овој дел на Балканот – рече Ристески.

Германската компанија Акомпласт е специјализиран производител за пластично моделирање на делови за автомобилската индустрија со примена на врвна и иновативна технологија која по првпат ќе се применува во Македонија и поширокиот регион, наменети за европскиот пазар, а пред сé за врвните автомобилски гиганти. Овој реномиран германски производител има свои погони покрај во Германија, во Чешка и во Украина.

Акомпласт, по Гентерм, е втора странска инвестица во ТИРЗ Прилеп.

РАДОСТ НИЗ СТИХ

При поставувањето на камен темелникот, германските инвеститори изразија задоволство, дури и управителкта Инес Андре изрецитира германска песна на македонски јазик:

На камен и песок се гради,

убав објект без мани.

Градењето може да се каже,

е еден голем чекор кој е важен.

Треба вечно градбата да трае

и од ветришта да не се кае.

Нити најсилна грубост од овој свет,

да не ги руши ѕидовите како цвет.

Пред да почне новата работа,

се чека секој ден и сабота

да се стави првиот камен,

тој мора да е силен како пламен.

Со цела сила градбата носи радост,

нешто ново полно младост.

Темелите се симбол на среќа,

а за сите други мир полна вреќа.

Камењата нека се редат

и нова иднина нека предат. 

Loading