ГЕНТЕРМ ЌЕ ВРАБОТИ 2000 ПРИЛЕПЧАНИ

Груевски на стартот на американската инвестиција во Алинци

Наскоро темел ќе стават и Германците од компанијата Акумпласт

1. So Genterm seftosana zonata AlinciПремиерот Никола Груевски на стартот на првата инвестиција во ТИРЗ Алинци, на американската компанија Гентерм, рече дека новата фабрика е плод на напорната работа. Тој потврди дека комшии на Американците ќе бидат германскиот инвеститор од автомобилската индустрија Акумпласт. Договорот е во финална процедура и оваа компанија за скоро време ќе почне да ја гради својата фабрика во оваа зона.

Американците ќе ангажираат околу две илјади работници. Околу 350 прилепчани веќе се подготвени и вработени после тримесечните обуки во погонот на Американците во Украина.

2. Izgradba na nova amerikanska fabrika– Официјално му посакуваме добредојде на американскиот инвеститор Гентерм. Ја одбележуваме изградбата на новата фабрика на овој светски познат гигант од автомобилската индустрија. И други инвеститори ќе го следат примерот на Гентерм. Инвестицијата се проценува на 20 милиони евра, а новата фабрика се очекува да отвори околу 2000 директни нови работни места. Првите повеќе од 350 луѓе веќе се вработени и ги поминуваат обуките во нивната фабрика во Украина. Во меѓувреме се гради и се подготвува производството на деловите за автомобилската индустрија, наменети за европскиот пазар, пред сé за гигантите, како Ферари, Бентли, Порше, Рено, БМВ и други – рече Груевски, додавајќи дека преговорите од 2014 г. се крунисани со нова фабрика.

3. Pustanje na socijalnata zgrada vo TocilaПотпретседателот на Гентерм, Јорк Еверст, истакна дека при изборот на нови локации за ширење на бизнисот разгледувале можности во Романија, Бугарија, Србија, Мароко и Унгарија, а причина за одлуката да инвестираат во Македонија биле квалификациите на луѓето што ги интервјуирале и професионалниот однос на претставниците на Владата на Македонија.

– Наша цел е да донесеме врвна технологија за производство на делови за регулирање на температурата во автомобилите. Веќе имаме цел раководен тим, освен управителот на фабриката. Тој се состои целосно од Македонци. Нашата работна сила минува низ интензивна обука во Украина. Тоа е гаранција за успех – рече Еверст.

Според претседателот на Владата, Македонија била една од земјите во кои инвеститорот ги разгледувал условите.

4. Novite socijalni zgradi– Најважни биле инвестициските можности понудени од Владата, професионалниот однос и достапноста до добро образована работна сила. Тоа е уште еден доказ дека инвестициските можности на државата се одлични и дека Владата прави сé да ги привлече инвеститорите. Затоа се благодарни и инвеститорите, а радоста беше голема кај сите оние кои се бореа Прилеп да добие ваков гигант. Такви беа и Марјан Ристески и пратениците од Прилеп и претседателот на советот –  рече Груевски.

Тој потсети дека во 2012 година се означи почетокот на градбата на ТИРЗ Прилеп.

– По опфатот и карактерот, оваа зона треба да прима инвеститори од поголем калибар кои ќе отворат повеќе работни места. Прилеп, Битола, Ресен и околните населени места добиваат простор што ќе привлече голем број заинтересирани инвеститори. Работата дава резултат. Најавеното пред три години, денес се остварува – истакна премиерот.

 Според Виктор Мизо, Американците ќе градат на 22 илјади м2 на плацот од 38 илјади м2.

Груевски изјави дека има и други заинтересирани инвеститори не само за Прилеп, туку и за сите други региони низ Македонија.

– Минатиот месец ја пуштивме новата фабрика на Макарт во Велес, се гради во Кичево, Дијатек почна со производство во Скопје, Германци градат фабрика во зоната меѓу Струга и Охрид. Потпишавме договор за изградба на нова фабрика на италијанската Монтанте груп, а за неколку дена треба да се отвори фабрика на Капкон во Скопје. Да овозможиме распоредување на повеќе фабрики во различни региони, покрај првично предвидените 14 зони, Владата одлучи во иднина да се отворат три зони, и тоа во Куманово, Липково и во Маврово, Ростуше. Со владиниот тим бевме на економоски промоции во Кина каде имаше доста заинтересирани компании за инвестициските можности во Македонија. Работата носи инвеститори, кои градат нови фабрики, а тие носат подобра иднина, посреќни граѓани, поквалитетен живот, нови работни места. Изборот паѓа на Македонија, бидејќи инвеститорите најдуваат пристап до европските пазари и добра инфраструктура, добри бизнис услуги, квалитетни човечки ресурси и партнерски расположена Влада. Продолжуваме со спроведување на мерки за подобра бизнис клима и сé друго што е потребно. Македонија уште долго ќе биде на врвот на светски посакуваните дестинации за бизнис со Влада на која инвеститорите можат да сметаат секогаш. Тие треба да бидат задоволни, затоа што задоволен инвеститор реинвестира, носи нова инвестиција, а добриот глас го шири насекаде и привлекува и други инвеститори – рече Груевски.

Во зоната Алинци се очекуваат и други фабрики во иднина, затоа што во систематски стил со позитивен пристап се привлекуваат инвеститори. Се создадава одличен терен и бизнис клима. Неслучајно, Светската банка ја рангира Македонија на 12. место во светот, а во 2006 година бевме на 94. место. Македонија е шеста во Европа според добрите услови за правење бизнис, и тоа по Англија, Данска, Шведска, Норвешка и Финска.

– Тоа не дојде преку ноќ, туку е резултат на многу работа, на многу мерки, многу сменети и спроведени закони и подзаконски акти. Не сме задоволни и со оваа позиција. Ќе работиме, оти имаме амбиција да влеземе во првите 5 или 8 во светот или 3 или 4 во Европа, па и да бидеме први. Оваа зона еден ден треба да биде исполнета со фабрики и со работни места – кажа Груевски.

Фабриката на Гентерм е од огромно значење за Прилеп и за регионот. Инвестицијата е и можност за сите локални компании да најдат интерес во соработката со Американците. Тоа ќе биде шанса за многу индиректни работни места во други фирми кои ќе бидат партнери на Гентерм како добавувачи, снабдувачи, кооперанти. Со вложувањето во Прилеп, Македонија уште повеќе ќе го зголеми извозот и асортиманот на производи со ознака Мade in Macedonia.

Пред две години Тутунскиот комбинат од Прилеп потпиша договор за стратегиско партнерство со Филип Морис со што се подобри перспективата на Комбинатот и на тутунопроизводителите.

 Нови работни места се и новите инвестиции во индустриската зона Прилеп 1 каде веќе се продадени 20 парцели и се градат објекти на прилепските компаниите Дониа, Тритекс, Депелион, Провиста, Гора и Марфил. Во тек е постапката за продажба на парцели и во индустриската зона Прилеп 2.

МИЗО: ЗОНА СО 68 ХЕКТАРИ ЗА 23 КОМПАНИИ

Виктор Мизо, директорот на дирекцијата за технолошко индустриски зони, вели дека привршува градбата на ТИРЗ Прилеп, паралелно со изградбата на Гентерм.

– Во првата фаза во зоната се инвестирани околу два милиона евра, а за сообраќајното поврзување, водоснабдување и на останатата инфраструктура ќе се вложат околу четири милиони евра. Зоната располага со 23 градежни парцели организирани во 13 блока на 68 хектари. Има доволно простор за погони на светски глобални компании, кои освен креирање работни места ќе овозможат развој и примена на нови технологии, ќе придонесат кон зголемување на конкурентноста, на локалната економија, подобрување на трговската размена и забрзување на развојот на економијата во државата воопшто – истакна Мизо.

ПОНЕДЕЛНИЧКИ СЕ ОТВОРААТ ОТКУПНИТЕ ПУНКТОВИ

Се очекува старт на откупот на тутунот деновиве. Премиерот Груевски апелира откупувачите реално да го вреднуваат вложениот труд на тутунопроизводителите, според квалитетот. Инспекциските контроли будно ќе ги следат откупните компании.

– Откупувачите да внимаваат цените да бидат реални и според квалитетот и вложениот труд. Очекуваме околу 22 до 23 милиони евра субвенции да се слеат за тутунопроизводителите. Лани се платија околу 25 милиони евра субвенции за 29 илјади тутунари – рече Груевски.

СТАНОВИ ЗА СЕМЕЈСТВА СО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК      

Станбеното прашање ќе го решат 76 семејства од социјално ранливите категории во новата зграда во населбата Точила чија изградба е комплетно завршена. Инвестицијата од 1,7 милиони евра е дел од владиниот проект за изградба на станови за социјално загрозени граѓани.

– Точно 76 семејства ќе го остварат својот сон да имаат свој дом и да бидат свои на своето. Грижата за социјалната категорија граѓани еден од најголемите приоритети на Владата – посочи премиерот Никола Груевски, кој најави дека ќе продолжат да градат вакви станбени објекти.

– Завршен е јавниот повик за аплицирање за стан во зградата. Конкурсот е јавен. Се очекува спроведување на јавната распределба на становите на лица кои ги исполнуваат критериумите. Постапката ќе биде електронска и строго транспарентна. Нема место за манипулаци со апликациите и лицата што ги исполнуваат сите критериуми и имаат најголем број бодови ќе добијат стан. Предност ќе имаат децата без родители и родителска грижа – рече Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.

Досега во овој владин проект се изградени 678 станови.

СПОРТСКИ САЛИ ЗА ЗДРАВА МЛАДИНА

5. Gruveski ja zaigra topkata vo novata sala vo   EkonomskoСпортската сала во СОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ е инвестиција на државата, вредна 24 милиони денари, во рамките на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали за поттикнувањето и негувањето на спортскиот дух кај младите. Салата е на 650 м2. Целосно е опремена со спортски реквизити и ќе овозможи тренирање кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка и гимнастика. Располага со туш кабини и засебен простор за наставниците.

Четвртата сала е во фаза на градба за потребите на ОУ „Добре Јованоски“, а во наредните години во план за градба се уште три други сали,     уште на едно тениско игралиште во Гимназијата и уште едно повеќенаменско во селото Канатларци.

– Во сите основни и средни училишта изминатите години се инвестирани над 10 милиони евра преку разни санации и реконструкции. Најголем дел се од Владата и од локалната самоуправа – рече премиерот Груевски.

Градоначалникот Марјан Ристески рече дека салата ќе овозможи развој на спортот и спортските активности на учениците.

Премиерот го посети новиот фудбалски терен, наменет за спортската академија, а направен во соработка со општината и Фудбалската федерација на Македонија за 300.000 евра.

Фудбалската федерација на Македонија донираше 24 комплета спортска опрема (дресови, шорцеви, чорапи) и „ЈАКО“ фудбалски топки на фудбалската паралелка.

МОНТАЖНИ УЧИЛИШТА ВО СЕЛАТА          

За училиштето во селото Беровци „Круме Волнароски“, Владата издвои 2,6 милиони денари за подобри услови за настава за 30 ученици. Меѓу позначајните проекти се изградбата на монтажните училишта во Чепигово, во Галичани, во Беровци, како и реконструкциите и санациите во уште четири општински училишта.

Проектот за поставување систем за греење во ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ е готов, со што училиштето првпат доби ваков тип греење. 

САКАМЕ ЕВРОПСКИ ЗАКОН ЗА МЕДИУМИ

,,Интересот на ВМРО – ДПМНЕ е да продолжат преговорите за медиумите. Зошто ги напуштивме, најдобро знае преговарачот. Апелирам до него да придонесува за подобра атмосфера во преговорите, а не да ја влошува. Тоа му е улогата, за тоа е платен. Како партија, сакаме европски закон за медиуми. Македонија е европска држава и нема да дозволиме некој да го потценува македонскиот народ во тој правец. Ќе прифатиме само европски закон. ВМРО – ДПМНЕ не прифаќа хибриден закон што нема во ниту една држава“.

Ова го изјави премиерот Никола Груевски запрашан од новинарите зошто ВМРО – ДПМНЕ ги напушти преговорите за законите за медиумите.                

Loading