КРИВОГАШТАНИ СЕ ЗБРАТИМИ СО РОМАНСКА СКЕЛА

Postaveni temeli za sorabotkaДелегација од општината Кривогаштани, составена од општинската администрација и членови на советот, престојуваше во Романија, каде заедно со 16 други општини од Македонија, потпишаа меморандум за соработка. Станува збор за збратимување со 17 општини од Романија со посредство на амбасадорот во Букурешт, Панде Лазаревски.

Кривогаштани официјално се збратими со општината Скела од Романија, со која веќе од наредната година ќе започнат активности и средби за соработка на повеќе полиња.

Loading