Во Здравствен дом
Медицинските екипи од службите за итна помош од пет општини од регионов, почнаа со едукација во Регионалниот центар во Здавствениот дом. Целта на едукацијата е поголема ефикасност на екипите при пружањето итна прва помош. Стручната назградба на знаењата се реализира под покровителство на Министерството за здравство.
– Стручноста ќе биде зголемена. Со тоа, првата помош ќе им се нуди на пациентите секогаш во вистинско време, на соодветен начин и процедури од квалификувана екипа – вели Натали Ѓошоска, директор на Здравствен дом.
Едукаторите се лекари од регионов кои неодамна биле на стручна обука во Турција.
– Обуки ќе поминат и пожарникарите, и полицајците, и вработените во фирмите со над 50 вработени, кои имаат обврска да поседуваат автоматски дефибрилатори и неколкумина обучени за укажување прва помош – вели д-р Гоце Јонзоски.
Прилеп е еден од трите регионални едукативни центри отворени во државава. Едукацијата ќе се спроведува еден месец.