СВЕДОШТВО ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ И УРБАН УКРАС

Анкета: Спомениците в центар  

На плоштадот Методија Андонов Ченто се извиши ликот на кралот Марко, качен на неговиот коњ Шарец, извајан во споменик. Додека се финализира легендарниот јунак од нашево поднебје, додека се дотерува да блесне во полн сјај, грандиозниот паметник дава дополнителна нота на убавина, на, и така, прекрасниот град.

Поставувањето беше мотив да ги “чепнеме” граѓаните, небаре им одржувавме час по историја, прашувајќи ги колку знаат за минатото и што им претставува споменикот на крал Марко и другите споменици во центрот. Дали спомениците ги доживуваат како декор за разубавување и за привлекување на туристи. Или ги гледаат како сведоштво од минатото и за поука за идните генерации.    

1 Blaga MiskoskaБлага Мискоска: Осум месеци сум тука, инаку живеам во Австралија. Градот станува сé пофин. Убаво е сé. Можеби не требаше да се урива фонтаната и да се вложува дополнително. Градот привлекува туристи со сите убавини. Не е на одмет и некоја плус.

 

 

 

 

 

2 Dino ReluskoskiДино Релушкоски: Потребен е споменик и од Крал Марко, оти тој е одлика на градот. Од војсководците беше само Александар Македонски кој привлекува туристи. Новиот споменик е поголема атракција, не само за “гости”, туку и за граѓаните. Особено, младиве сакаме да се сликаме. Ќе остане спомен за идните генерации, оти Прилеп е препознатлив како град под Марковите кули и има нераскинлива врска со крал Марко.

 

 

 

 

3 Dobrica PejcinoskaДобрица Пејчиноска: Добро е што се поставуваат споменици, оти се украс и ќе привлекуваат нови туристи, кои ќе се восхитуваат. Постарите ја знаеме историјата, а помладите терба да ја запознаат и преку споменици, а не само по книги. Спомениците се украс, како што купуваме нешто за дома да ни го разубави животниот простор, така се креваат и споменици за заличување на градот. Тие се чуваат. Не се мода и не им врви векот. Трајни и вечни се, оти се обележје на една урбана средина. 

 

 

 

4 Verica HristoskaВерица Христоска: Одличен е споменикот оти е изработен во контекст на историјата на нашиот град. Го краси центарот заедно со другите споменици. Локацијата можела да биде и на друго место, но мал е градот. Кога ќе биде финален, ќе биде уште поголема атракција. Крал Марко претставува заштитник на градот од минатото. Говори за историјата за Прилеп, како место често посетувано од туристи. Ги знаеме сите легенди и преданија, а вака е “жив доказ” и уште едно сведоштво дека ги чува и спасува граѓаните.

 

 

 

5 Stefan MitkoskiСтефан Миткоски: Обележје што доликува за градот и ги означува убавините низ историјата, дури и од минатото од пред седум века. Маркукуле привлекува туристи, а сега и споменикот на кралот Марко ќе биде магнет. Треба да се негуваат херојските ликови од историјата на градот. Тие се наше наследство од богатата историја. Треба да бидат патоказ и гордост за сегашните и идните генерации. Ова е најдоброто дело за градот. Голема знаменитост. Симболот на Прилеп дојава в центар. Радосен сум, оти се негуваат придобивките од минатото. Градот добива поголема шанса за привлекување на туристи и афирмација. 

 

 

6 HristiХристи: Ништо посебно не ми значи новиот споменик. Треба да се прави нешто помодерно, турстички, авангардно, авантуристички, а не да се враќаме наназад во историјата. 

 

 

 

 

 

 

7 BorisБорис: Крал Марко и порано имаше споменик, но мал, поставен кај сегашната зграда на општината. Срамота беше да биде минијатурен, иако некои сметале дека ја заслужувал таа големина, оти бил Србин, да не падне во очи. Преместен е на Варош. Вистината е дека живеел тука, го штител градот, без разлика дали некому му пасува или не. Претставен е величествен, како што е опишан во песните и легендите. Можеби ќе привлечевме повеќе српски туристи. Ги сакаме и Марковите кули, оти ни се историја оставена од предците. Новиот споменик е потврда да не се негира нешто што се случувало, а кое останува како сведоштво. Сите споменици имаат значење, секој има зошто и како, свое сведоштво и посебно место и заслуга.

 

8 Katerina Ivanoska VangelovaКатерина Иваноска Вангелова: Обележје за идните генерации, оти ја искажува историјата на нашиот народ. Особено нашето постоење во градов. Историјата се пренесува на туристите кои “на видело” ќе имаа претстава кој бил кралот Марко, и воопшто кој е Прилеп. Потврда е дека не сме без корен, туку со раскошна историја од памтивек. Тоа го покажуваат спомениците. И оние на Цепенков, на Ченто, на Пере Тошев, и сите други се обележје на Македонците, конкретно на нашиот град. Тука “никнале” и се истакнале дали преку поезија, политика или во војна. Добро е нашите деца да имаат увид колку одамна сме постоеле. 

Loading