КАКО ДА СЕ ТРОШАТ ОПШТИНСКИТЕ ПАРИ?

Кривогаштани

KrivogastaniЖителите од сите села на општината Кривогаштани одблиску ја разгледуваа буџетската состојба на општинската каса за 2016 година. Ги набљудуваа и буџетските приходи и расходи. Даваат сугестии и идеи како да се имплементираат стратешките планови за идната година во општинското ќесе.

Тоа е содржината на втората форумска сесија за креирање на буџетот за 2016 година што е дел од проектот Форуми на заедниците.        Градоначалникот Тони Заткоски смета дека најголем дел од граѓаните ги вперуваат очите кон патната инфраструктура.

– Посебен акцент се става на комуналната и патната инфраструктура. Се изготвуваат проекти и документации за повеќе населени места – рече Заткоски.

Тој изјави дека неуморно трага по дополнителни средства за проектите од Владата и од странски невладини организации, покрај парите од скромниот сопствен буџет. 

– На буџетскиот форум граѓаните се запознаваат со финансиите, за да се вклучат во креирањето на буџетот и да одберат кои проекти да се опфатат во тригодишната развојна програма – вели Сашо Цуцулоски, раковидител на одделението за економски развој и комунални дејности. 

Ова е втор форум последниве три години. Во првиот, жителите одбираа проекти за трошење на 50 илјади евра од општинската партиципација и пари од швајцарската агенција за развој.

Loading