ИНОВАТОРОТ ШИРКОСКИ ПАК СЕ ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЕ

Inovacii za idninata - Zivko SirkoskiНа последната изложба на патенти, пронајдоци и иновации Макинова, во рамките на саемот Технома во Скопје, нашиот сограѓанин Живко Ширкоски се врати уште со едно одличје. Тој ја доби третата награда за патентот, противградобиен мобилен систем. Иноваторот многупати досега бил наградуван за своите пронајдоци и патенти, дури бил и добитник на меѓународни признанија. Тој е иницијатор за формирањето на клубот на иноватори во Прилеп со петнаесетина членови, а кој се најдува во просториите на Народната техника.

Patent za spas od grad– Патентот се користи за пресретнување на градоносни облаци. Системот е лансер кој се закачува на автомобил. Со инструкции на радарскиот центар, се движи по секакви терени и се доближува најблиску до облаците, се разбира, од земјата. Откако опасноста ќе се доближи во зоната на загрозените земјоделски површини, со податоците од центарот се насочува лансерот да истрела од 4 до 24 ракети. Предноста е во тоа што не се чека облакот да ги погоди површините, туку се гаѓа облакот со град ефикасно пред да ја истури уништувачката моќ врз земјоделските култури. Мобилниот противградобиен систем може да се насочува и со обичен компас, а се активира со жица на растојание од 50 метри. Со тоа стрелците не се доведуваат во опасност – вели Ширкоски.     

Патентот веќе е заштитен во содветната државна институција и се очекуваат потенцијални инвеститори да го стават на списокот за подготовка за сериско производство.

Loading