Во небото на Солунска глава

Поход низ раскошната природа за ќеф на душата изведоа околу 20 планинари на Картуш, освојувајќи го врвот Солунска глава на Јакупица. Дводневната напорна рута била со ноќевање во домот Чеплес, со качување од една страна и со слегување по друга патека, завршувајќи со одмор крај рибникот и мотелот кај извориштето на реката Бабуна над селото Нежилово. Полни со енергија и кислород во градите, љубителите на планините се вратиле дома со возот од селото Ореше.

Идниве викенди се носат со ниет да маршираат за Пелистер, Олимп и за Милеви скали, во Бугарија.

Loading