Одбележан денот на АРМ

Со строј, оддавање почит и одликување

naselenietoГарнизонот “Мирче Ацев” го одбележа денот на АРМ, 18 август, со постројување на 600 војници пред гости од локалната заедница. Беа положени и свежи цвеќиња пред споменикот во Касарната, за почит на загинатите борци за Македонија. Командантот Жарко Ристески укажа уставната мисија на АРМ за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на татковината, професионалниот ангажман, лојалноста, одговорноста и посветеноста кон реформите за членство во НАТО. Војската изложи дел од вооружувањето и опремата, а дел од старешините беа унапредни со повисоки чинови.

Градоначалникот Марјан Ристески го истакна ангажманот на војниците кои учествуваа во мировните мисии, но и во задачите за помош на локалното население, како при пролетните поплави и временските неприлики.

АРМ го слави денот веќе 23 години.

Loading