РИСТЕСКИ ДОМАЌИН В ГОДИНА

За празникот “Св. Преображение”

PreobrazenieНа празничната богослужба, по повод храмовиот празник во црквата Св. Преображение и годинава присуствуваа многу прилепчани, а градоначалникот Марјан Ристески се пријави да биде домаќин в година.

Традицијата се одржува и масовно се посетува храмот на празникот Преображение, кога првпат се зајадува грозје, откако свештеникот ќе го отпее и благослови. Тоа претставува своевидна  благодарност кон Бога за дадените плодови на земјата. За овој ден, за здравје и бериќет, се служи посна трпеза.

Инаку, црквата Св. Преображение, позната е како грчка црква, бидејќи гркофонското и влашкото население од Прилеп успеало од цариградската порта да издејствува ферман за изградба,претставува трикорабна базилика, со пет куполи, подигната над нивото на земјата, што ја објаснува привилегираната положба на Власите во тоа време.

Црквата е изградена во 1871 година.

Loading