БАРАМЕ ОСНОВНО ЗДРАВСТВО

Вработените од наменската фабрика Еурокомпозит дојдоа пред локалната самоуправа да побараат помош од градските власти и од пратениците за обезбедување здравствено осигурување.

– Вработените се со над 30 години стаж. Немаат здравствено осигурување од 2011 година, а пензиско од 2012 година. Ги молам една година за операција… Ми рекоа да направам молба во јануари, а сега друга година ќе дојде, пари не добив. Плати нема, придонеси нема, а работа сега имаше многу. Направивме многу шлемови, ги оставивме тутуните побрзо да ја привршиме работата, да земеме плата – се жали Жарко Талески.

Тој додава дека барале социјален пакет за отпремнина и за решавање на здравствените проблеми на “постарите”, за да се намали вработеноста, а фирмата да застане на здрави нозе.

– Вработен сум 30 години и сакам пак да работам. Но, не се издржува со 50 години возраст. Бараме основно здравство. Има најмалку 3-4 лица за итни операции, а треба да платат 3-4 илјади евра. Благодарни сме што платија придонеси, но не се трпи без здравството. Луѓе сме во години – вели Борко Томески.

– Чекаме со години стратешки партнер, ама нема ништо. Барем да обезбедат социјален пакет и да се сметне неизвесноста на 100 – 150 работници – вели Цветан Бунтески.

Еурокомпозит е воена фабрика со околу 300 работници. Државата владее сто отсто од капиталот. Компанијата е една од четирите загубари.

Loading