ЕУ ПАРИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Кривогаштани

Претставници од Министерството за земјоделие, од Агенцијата за поддршка на развојот, од Федерацијата на фармери и од фирмите кои се занимаваат со продажба на земјоделска механизација ги упатуваа земјоделците од Кривогаштани на начините за пристап до средствата од ИПАРД програмата. Земјоделците стекнаа сознанија за инвестиции со поддршка од ЕУ преку програмите за рурален развој. Земјоделските производители беа запознаени со можностите за преструктуирање и надградба на производството и прилагодување кон стандардите на ЕУ. Меѓудругото, се демонстрираа и шансите за пристап до средствата за преработка и маркетинг во земјоделството и рибните производи, како и за рурални економски активности. 

Loading