ЗАБРАНЕТ ФУДБАЛ

Gledacite zad ograda po kaznata od FFMЗабранетото овошје е најслатко, исто и фудбалот. ФФМ одреди казна за Победа од четири меча без публика, но симпатизерите не остануваат дома, туку доаѓаат пред стадион со надеж дека ќе има попуст да влезат. Клупската служба е безпрекорна, не дозволува пиле да прелета. Така беше за куп со Дрита, за првенство со Борец. Откако да им олесни искажаа револт, дел од фановите се разотидоа. Другите вртеа околу и бараа најпогодно место. Гледаа низ пенџерчиња под новата трибина, низ железните порти и мрежестите огради, поткачени на ѕид.

Првиот слободен влез е на 12 октомври.

Loading