ДАНОК ЌЕ СЕ ПЛАЌА СО КАРТИЧКА

Пост  терминали за  наплата на даночните обврзници

Електронски, преку пост терминали, со картичка, граѓаните ќе може да ги плаќаат локалните даноци, со што ќе добијат во време и ќе ги намалат давачките за банкарските провизии. Со едношалтерскиот систем, а за потребите на даночната администрација, веќе функционира плаќањето преку пост терминали на даночните обврски за локални даноци, такси…

– Даночната администрација го осоврменува плаќањето на даноците, бидејќи претендира да биде во тек со новите животни трендови и сака да им овозможи на сограѓаните делотворни услуги – вели Бошко Талески, раководителот на Одделението за администрирање со даноци при ЛС.

Според него, со електронскиот систем ќе се постигне примарен ефект, па така граѓаните нема дополнително да губат време по други институции за готовинско плаќање. Наедно, навремено и точно ќе ги сервисираат даночните обврски кон буџетот на локалната самоуправа.

Градоначалникот Марјан Ристески смета дека со навремено уплатени даноци со картички ќе може да се реализираат проектите за подобрување на животот во општината во предвидениот рок.

Loading