КОЊАНИК НА ДАБНИЧКИ ЗАВОЈ

Lezet i za konjot i za javacotИ повозрасните, особено децата милуваат да се дружат, а понекои да одгледуваат миленици со копита. Стандардот кај нас уште не е толку висок, коњите и мазгите да бидат ортомисани во ергела и да претставуваат богатство за уживање, одгледување и помалку за јавање. Ергели нема, но затоа има пондила. Кај нас коњите  не  се тимарат,  не се негуваат, туку се хранат примитивно, колку да преживеат. За ветеринар и за потковици, и да не се зборува. Добитокот е средство за пренесување товар по непроодни патеки, каде дивината е пречка за машините. Најчесто се користат за пренесување огревни дрва од коријата до земјен пат. Малкумина ги ползуваат за носење кошеви со тутун од нива до дома. Милите домашни животни се експлоатираат при дрвокрадство.

Пролетно време, кога џвакаат трева, во отсуство на зоб, добитокот здивнува за празник. И тогаш не се остава сосема на мир, слободно да пасе, туку ги задоволува страстите на луѓето, особено на децата. Тие се мераклии, како по вестерн филмовите за Дивиот Запад, да јаваат коњи, макар што некогаш можат да бидат изложени на ризик, да бидат отфрлени од седлото. Но, повредите се ретки, освен ако не се најде некоја бесна кобила да фрли чифте.  

Loading