МАСОВНОСТА НОСИ УСПЕСИ

Заслужени награди во ОУ “Климент Охридски”

Masovnost i uspeh vo narodna tehnikaПрвото место за најдобра изведба на ревијалните училишни смотри за ОУ “Климент Охридски” беше круна на низата успеси кои учениците со менторите ги освоија оваа година, можеби најплодоносна на школото. Од бројните значајни успеси, ги сумираме и поединечните и групните.

Во првото полугодие шкафот со дипломи и медали го исполниле во најразлични дисциплини – Марко Јаков од  2-2, второ место за рецитирање, Христијан Маркоски од 5-2, второ место за најдобра лична творба, Кристина Тасеска од 5-3, освоила прво место за најдобра лична творба, Анета Здравеска од 6-1, прво место за најдобра лична творба, Јана Неделкоска од 7-2 добила сребро за рецитирање, Максим Ристески од 5-2 освоил второ место за најдобра ликовна творба на општински натпревар за украсни птици, Христијан Маркоски од 5-2 бил прв на државен натпревар за најдобра лична творба, Марија Андоноска и Јоана Велеска од 8-3, Искра Белческа и Искра Чупетреска од 8-1 освоиле прво место на општински натпревар и трето место на регионален натпревар за Противпожарна заштита и женската екипата од 7 одделение, на општински натпревар за одбојка освоила прво место. На општинскиот натпревар од Црвениот крст малата екипа зела второ, а големата, трето место.

Наградите се нижеле и по зимскиот распуст. Учениците од  2-2 и  4-1 на карневалот Прочка ја освоија наградата Гран – при за маската “Пиво фест во Прилеп”, учениците од 1-2, 5-3 и учениците од подрачната паралелка во с. Мажучиште освоија прво место за детската маска “Пиратите од Карибите”. На државниот натпревар по информатика, второ место освои Христијан Спиркоски од 8-2, а учениците Мартин Гагалески и Петар Јанески од истото одделение го освоија третото место. Учениците Адријан Јовески и Ана Гиновска од 5-3, Васе Колароска 6-3 и Јана Неделкоска 7-2 зедоа учество на државниот натпревар по англиски јазик Spelling Bee, откако претходно ги минаа елиминациите на општинско и регионално ниво. На Државното првенство во карате Симеон Мерипушкоски од 8-3 освои второ место, а Марко Јаков од 2-2 првото.

Pretesno za site nagradeniЖнеење на посеаното од техничарите

Најмногу први места во натпреварот на Народна техника имале “Климентовци”. Некои постигнале и завидни успеси на регионално и државно ниво. Андреј Стојкоски 8-2 на регионален натпревар во областа применета географија и прво место и на државниот натпревар, како и трето место на регионален натпревар по француски јазик. Кристијан Спиркоски 8-2 на регионален натпревар по астрономија се наредил на третото место. Марија Андоноска 8-3 на регионален натпревар по метеорологија и трето место и на државниот натпревар. Марија Ристеска 8-1 на регионален натпревар по екологија. Христијан Мојсоски 8-3 во компјутерска техника. Стефан Наумоски 8-1 бил втор на регионално по фототехника. Јана Наумоска 8-3 осмолетка – се наредила втора на регионалниот натпревар по применета хемија. Во применета физика, Лука Јовески  бил втор на регионален.

Humanosta nosi nagradiБројките не се проблем

Ако се сумираат резултатите од регионалниот натпревар по математика, гледаме дека ОУ “Климент Охридски” ќарил едно злато со Јована Стојческа од 6-4, сребро со Филип Трајкоски 4-3 и две бронзи со Кристијан Селчанец 6-4 и Веселина Јованоска од истотото одделение. 

Завиден успех имале и осмоодделенките Искра Белческа и Стефани Мирческа, и година помладите Јана Неделкоска и Ана Плетварец.

Махери за биологија – биле меѓу најдобрите

На првенство по биологија, учениците на ОУ “Климент Охридски”   биле меѓу најдобрите. Така Стефан Алексоски на државен натпревар бил втор. Шестоодделенката Леонарда Кајџаноска на регионален натпревар  го освоила среброто, како и  Андријана Лимбеска. Зад нив била Климентина Котеска со трето место, исто како и Давид Спиркоски. Седмоодделенците Стефан Здравески, Ана Плетварец и Владимир Ѓоргиоски се вратиле со две бронзи и едно сребро на регионалниот натпревар. Осмоодделенците Христи Плетварец и Јане Нешкоски ги дособрале медалите со две трети места.  Наталија Пусоска, Валерија Чавлеска, Анастасија Матракоска и Алек Атанасоски добиле пофалници за учество на регионалниот натпревар.

Loading