КОМПЛЕТНА НАСТАВА, СКЛОП НА ТЕОРИЈА И ПРАКСА

ОУ “Климент Охридски”

На уникатен и специфичен начин 55 седмоодделенци од три одделенија, заедно со седум  професори од ОУ “Климент Охридски” го посетија Мариово, запознавајќи се со недопрените убавини, но од образовен аспект. Во еднодневната интегрирана теренска настава, природата била одличен сојузник за спознавање на географија, историја, биологија, вештини за живеење, математика и англиски јазик.

За комплетно поврзување на наставата со практиката, професорите избрале теми соодветни со теренот кој нуди богати природно-географски и социо-економски можности. Потфатот можеби е единствен во Македонија, зашто претходно било консултирано БРО, кое го прифатило начинот на изведба на денот предвиден за ваква настава.

Orientacijata e bitna vo priroda (ramka1)Снаоѓање во природа

На часот по географија во природа, професорот Зоран Сребреноски им покажал на учениците како да користат карта, да се снаоѓаат во природа, да ја развиваат способноста за набљудување и препознавање на географски предмети, облици и појави. Децата научиле за лигнитот, дијатомејската земја, свлечиштата и интересните “камени печурки”.  Со посета на седум локалитети, од прва рака откриле како природата прави географски чуда.

 

 

Istorijata na Mariovo privlecna za ucenicite (ramka 2)Мариово лежи на историја

Мариовските буни, приказната за потеклото на Расимбеговиот мост, разните легенди за подрачјето и потеклото на имињата на местата се опфатиле на часот по историја. Професорката Лилјана Здравеска, на учениците темелно им ја објаснила богатата мариовска историја, каде заради недостиг на пишани документи, доста е тешко да се оддели митот од вистината. Но, со деталното испитување, и претходното познавање на теоријата, учениците полесно направиле разлика меѓу вистинската историја  и легендите и митовите.

 

Niz treva i kamenja do rudnik, za predavanje po biologija (ramka 3)Биологија “в раце”

Разноликоста и богатството на флора и фауна во недопрениот предел од човечка рака, се совладувал на часот по биологија. Професорката Наташа Милеска Михајлоска ги  објаснила посебноста на растенијата кои виреат во Мариово како и распознавањето на животинските форми – инсекти, безр’бетници и влекачи, “начекани” на теренот.   

 

 

 

Primeneta matematika - merenje na ,,Pecurkite,, (ramka 4)Корисна математика

Постои верување дека местото на математиката е во училниците и амфитеатрите, каде се полнат табли со разни равенства, задачи, формули… Егзактната наука сепак нашла примена во калкулациите за плоштина и волумен на природни објекти. За најинтересни и најпогодни за таа намена, професорот Митре Мишакоски ги избрал “камените печурки”.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Video reportaza na angliski (ramka 5)Репортажа на англиски

Знаењето на англискиот јазик се смета за предност во скоро сите животни ситуации. Професорката Билјана Наумоска ја развивала способноста за водење на интервју и анкета преку снимање на репортажа на англиски јазик за ученичкото видување на природата.

 

 

 

 

Pruzanje pomos vo priroda so vestini na ziveenje (ramka 6)Прва помош во природа

Во пространа и далечна шума, секој чекор може да предизвика повреда. Со познавање на околината, таа може да стане сојузник во нудење итна помош, со имобилизација и преврски. Наученото од учебникот за Вештини за живеење, професорката Цветанка Јочкоска им помогнала на учениците да го стават на проба во природни услови.     

Loading