СÉ ПОШИРОК “ОТВОР НА ТЕСНОТО ГРЛО”

Bezbedno na krstosnicata na  ul. Dimo Narednikot  i ul. Arhieepiskop DositejСе прошири ул. “Димо Наредникот”, на потегот од ул. “Егејска” до ул. “Архиепископ Доситеј”, која беше една од најцрните точки во сообраќајот. Со експропријација од 440 илјади денари улицата се отвори, а за брзо време ќе се асфалтира.

Од четворицата сопственици беа експропиирани 164 м2. За изведбата пак на оградите на околните куќи, за градежниот и металниот дел, беа издвоени дополнителни 260 илјади денари. Сообраќајното проширување вкупно чини 700 илјади денари, обезбедени од локалниот буџет.

Наскоро ќе се прошират уште неколку улици, за кои се во тек постапки.

Loading