НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ И РЕНОВИРАНА ФОНТАНА

Rekontrukcija na fontanata i okolnoto osvetluvanjeВкупно 32 нови канделабри, високи околу три метри, модерни со индиректно осветлување, во три групи ќе го красат плоштадот Александрија. Паралелно, комплетно се реновира фонтаната. Изведувач е фирмата Електро Точила.

– Осветлувањето со нови канделабри беше нужно, заради кршливоста на старите. Новите ќе бидат модерни, распоредени по патеката на плочникот. Ќе имаат контролер со опција да светат во различни бои, а доколку се приклучат со фонтаната, ќе може аудио – визуелно, синхронизирано со водоскокот да менуваат бои со музика. Со контролерот, секоја светилка ќе биде независна од другите, и според тоа ќе може да менува бои, секоја поединечно. Предвидено е и метално дрво со 10 рефлектори и исто толку метални топки како украс, пред Камената бина. Бидејќи од фонтаната се губеше околу 50 л. вода во денот, од ЈП ПУП добивме тендер за целосно реновирање. Се зајакнуваат водоводните цевки, пумпите и ќе се додадат два странични гејзери. Новите цевки ќе ја намалат загубата на вода и ќе бидат пофункционални. Внатрешното осветлување ќе биде со ЛЕД диоди, а ќе се инсталираат и звучници за музичка подлога. Финансиската рамка со канделабрите е три милиони денари, а за фонтаната, четири – појаснуваат од Електро Точила.

Се очекува работите да завршат за два месеци, а при тоа да се води сметка  за поплочените патеки.  

Loading