НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Мермерен комбинат

Nagrada za griza za bezbednosta na rabotniciteМакедонското здружение за заштита при работа му ја додели на Мермерниот комбинат Националната награда за добра пракса за безбедност и здравје при работа за 2013 година. Од Меѓународната организација на трудот,  наградата се додели на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Наградата е во категорија на големи претпријатија.

– Исклучително е важна наградата за нашата компанија. Таа е признание за заедничкото залагање на менаџментот и вработените за обезбедување највисоки безбедносни стандарди. Настојуваме не само да ги исполниме условите и стандардите по законот, туку и да ги унапредиме. Постојано инвестираме во нова опрема која обезбедува подобри услови во однос на контролата врз бучавата, прашината, вибрациите и физичкиот напор. Компанијата вложува во континуирана обука на вработените за подигање на свеста за безбедност. Вработените остануваат приоритет број еден во безбедноста – изјави Јасна Ажиевска Петрушева – извршен директор на Мермерниот комбинат.

Комбинатот е глобален лидер во екстракцијата и преработката на снежно белиот мермер Сивец. Формиран е во 1946 година. Оттогаш дејност му е експлоатација и преработка на мермер, а мермерот Сивец е регистрирана трговска марка на ситно- грануларен доломитски мермер кој се вади од рудниците на компанијата во близината на Прилеп.

Loading