СЕ КРЕВААТ ЧЕТИРИ НОВИ ПОГОНИ

Во Индустриската зона – Прилеп 1

So trud i idejnost Triteks stana gordost i za najvozrasniot vo semejstvoto na Goga NaumoskiНови производствени погони ќе “никнат” наскоро во индустриската зона – Прилеп 1, со што неколку прилепски компании ќе ги прошират производствените капацитети, а со тоа ќе се вработат неколку стотици работници. Најрадосниот христијански празник Велигден беше вистинска радост за неколкуте прилепски компании кои на празничните денови и официјално го поставија камен темелникот и ја означија градбата на новите производствени објекти.

Производствен погон со зголемен капацитет во кој ќе се вработат уште 300 лица, во индустриската зона Прилеп 1 гради познатата не само прилепска, туку и македонска компанија за долна облека Тритекст, која планира да го збогати асортиманот. На проширувањето на компанијата и изградбата на сопствен производствен погон, покрај двајцата сопственици Радко и Дејан, присуствуваше и највозрасниот член од фамилијата, Гога Наумоски. Старите напатени раце со гордост ја зграпчија лопатата да се фрли цемент за аирлија, благослов и берикет за фамилијата, која повеќе од две децении макотрпно работи во приватниот сектор и освојување не само на домашниот, туку и на странскиот пазар.     

Од индустриската зона Прилеп 1 на Тритекс í припаѓаат околу 4000 м2, во кои само за градбата на објектот планираат да вложат милион евра. Ќе се вработат уште 300 вработени.

kamen zavo temelot za doklgotrajnost  Mile  Ilieski i Tode Ilioski– Ќе се проширува асортиманот на памучната долна облека со која сме ориентирани претежно на извоз. Лон работата продолжува. Околу 85 отсто од производството е лон, со оглед на малиот пазар овде. Работиме низ Македонија и бившите Ју – простори, а продожуваме да се шириме кон земјите од ЕУ. Моментно имаме 270 вработени и неодамна отворивме нова продавница во Скопје, покрај оваа во Прилеп со што сакаме да ја прошириме малопродажбата – вели косопственикот Дејан Наумоски.

Тритекс е успешна компанија која постои 20 години. Производите се македонски бренд што говори за квалитет кој се бара на пазарите во Европа.

Сопствен производствен простор ќе добијат и Годам која произведува  прашкасти производи за прехрана, како и фирмата за градежништво Уникат градба. На околу 1100 м2 ќе “никне” заеднички деловен објект со што ќе се прошират компаниите. По 7-8 години, Годам  ќе има доволно деловен простор и за зголемување на производството.   – Работевме во мал објект во домашните простории. Одлучивме да  одиме на поширок простор. Со тоа ќе го зголемиме производството. Имаме слаткарски продукти во прашкаста форма, а работиме и со капучина, сладоледи во прав, пудинзи, кремови и гелови. Ќе го прошириме пазарот и ќе конкурираме надвор од градов. Имаме сопствено производство и работиме за познати компании. Работиме за прилепските слаткарници и имаме висококвалитетни продукти, зашто ако немавме, немаше да бидеме присутни. Сега сме многу малку зашто работевме со големи мешања и големи пакувања, а откако ќе почнеме со помали пакувања, ќе имаме потреба за повеќе работна рака. Ќе требаат комерцијалисти, технозлози, економисти и тн. Се надеваме на околу десетина нови вработувања. Инвестицијата е 400 илјади евра, но нема да го правиме цел објект, туку само првиот кат – вели Миле Илиески, сопственик на Годам.

Дел од објектот ќе стане погон за градежната фирма на Тоде Илиоски, Уникат градба.   

Неодамна камен темелник постави и фирмата Дониа за изградба на погон на 2000 м2. За оваа инвестиција сопствениците издвоиле 500 илјади евра. Највауваат раст на производствената линија и освојување на нови пазари. Новиот простор и современата технологија ќе придонесат да се остварат предизвиците, а производствениот процес се очекува да отпочне до крајот на летото. Најавени се и нови 50 вработувања.

Локалната самоуправа создаде инфраструктурни услови за индустриските објекти. Инвеститорите ги добија парцелите по пат на тендер, при што се продадоа 21 парцела. 

Loading