КОНЗЕРВАЦИЈА НА МЕТАЛНИТЕ НАОДИ ОД ЗРЗЕ

Znacajni artefakti na videlina“Ќе се конзервираат пронајдените метални наоди од  истражувањата на локалитетот Зрзе. Министерството за култура ја поддржа конзервацијата, а артефактите потоа ќе се изложат во музејските поставки што се дел во манастирот Зрзе од Заводот и Музеј во Прилеп”.

Ова го соопшти археологот д-р Бранислав Ристески.

– Во зависност од сложеноста на постапката, бидејќи има одредени стандарди, планираме да конзервираме 70 – 80 монети, орудија, предмети за украсување…, пронајдени при ископувањата во манастирскиот комплекс Зрзе – вели Ристески.

Инаку, во манастирот Зрзе, кој е  значаен споменик на културата,  се доградува североисточниот конак, а претходно се реконструираше владичкиот конак.

Планирано е во манастирот да има работилница за иконопис, копаничарство и други дејности, кои ги негува монашкото братство. До крајот на годината ќе се догради и горната порта, а комплексот ќе се уреди и партерно.

Неодамна почна градбата на патот во должина од 7,5 километри, од кои последните 300 метри ќе бидат со калдрма да се зачува автентичноста на манастирот.

Loading