БОРБА ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА

СДСМ во Прилеп

,,Македонија нема друга опозициска сила која може да му се спротивстави на режимот на власта. Вистинската сила сме ние и граѓаните на Македонија. Заедно можеме да ги донесеме промените. Сите да се избориме на 27 април за демократска Македонија,,.

Ова го изјави Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ, на митингот на плоштадот Методија Андонов Ченто.

Тој ги повика Албанците да  излезат и да гласаат и да не ги бојкотираат изборите за претседател, затоа што со бојкотот му помагале на тој што не го сакале да победи.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев посочи дека на овие избори воделе битка  за Македонија, за државата.

– Македонија е нашата храброст, нашата обврска, должност на сите граѓани. Ајде на 27 да се избориме за слобода, демократија, за достоинствен живот. Не се плашете, излезете и гласајте, затоа што ако вака продолжи власта ќе не однесе во бездна. Само народот може да го спречи тоа. СДСМ на 28 април ќе испорача слобода за сите – рече Заев.

На митинг на СДСМ зборуваа носителот на листата за пратеници во изборната единица 4 Хари Локвенец и кандидатот за пратеник Горан Сугарески.

Loading