ВРВНА ФОРМА ВО ВРШАЦ

Параглајдерство

Nizat uspesi - PK DeltaОдличен настап на Параглајдинг клубот Делта со тројца репрезентативци на меѓународниот натпревар во прецизно слетување “Вршац ОПЕН”. Мартин Јованоски го освои бронзениот медал меѓу 48 пилоти од седум земји, веднаш под Србите Дарко Пантиќ и Иван Павлов, кои имаа помалку по пет негативни поени. Останатите членови на клубот, таткото Миле Јованоски е 10-ти, а помалиот син Борјан Јованоски на 16. место. Четвртиот прилепчанец, Љупче Атанасов е 37. Сите четворица уште повеќе се покажаа екипно, каде остварија највисок пласман. Во конкуренција на 18 тимови го освоија златниот медал, пред романскиот тим “Романиа” од Букурешт и српскиот “Арес” од Белград.

Настапите се значајни за темпирање на формата, зошто в лето, на истото место, ќе има нова шанса за медал, на Европското првенство.

Loading