Историја
Неодамна трагично починатиот легендарен голман, Петар Милошевски, во кус дел од кариерата е поврзан со Победа. Зимата 1992 година, во пресрет на пролетниот дел од првенството во Третата лига на Југославија, тој како 18-годишен дојде од прволигашот Пелистер во прилепскиот клуб, да настапува со двојна регистрација кај тренерот Зоран Чолаковиќ.
– Со голема желба да брани за Победа тренираше две недели. Го врати назад тогашниот тренер на Пелистер, Христовски. Го испрати Петровски, исто така добар голман. Повеќепати се среќававме и тешко ја примив веста за трагичната смрт – вели Орде Иваноски – Оцо, тогашен претседател на Победа.
Милошевски последен пат во Прилеп беше на 15 декември 2013, за турнирот Свети Никола.