МИЛОШЕВСКИ БИЛ ГОЛМАН НА ПОБЕДА

Историја

Petar Milosevski (12) na turnirot Sveti NikolaНеодамна трагично починатиот легендарен голман, Петар Милошевски, во кус дел од кариерата е поврзан со Победа. Зимата 1992 година, во пресрет на пролетниот дел од првенството во Третата лига на Југославија, тој како 18-годишен дојде од прволигашот Пелистер во прилепскиот клуб, да настапува со двојна регистрација кај тренерот Зоран Чолаковиќ.

– Со голема желба да брани за Победа тренираше две недели. Го врати назад тогашниот тренер на Пелистер, Христовски. Го испрати Петровски, исто така добар голман. Повеќепати се среќававме и  тешко ја примив веста за трагичната смрт – вели Орде Иваноски – Оцо, тогашен претседател на Победа.

Милошевски последен пат во Прилеп беше на 15 декември 2013, за турнирот Свети Никола.

Loading