ИНВАЛИДИЗИРАНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Mazgaloski so obezbeduvanjeСо двајца вработени од агенција за обезбедување мина собранието на Здружението на инвалидизирани пензионери. Иако атмосферата пред почетокот била наелектризирана, надвладеал разумот и не дошло до инцидент и интервенција на обезбедувачите.

Претседателот Томе Мазгалоски побарал заштита од агенција, бидејќи имал индиции дека некои членови ќе го растурат нормалното одвивање на собранискиот тек.

– Членот на управниот одбор Душан Николоски рече дека ќе дојдел со десетина пензионери да го оневозможи регуларниот тек. Затоа ангажирав обезбедување. За среќа, немаше непријатности и сé заврши нормално – вели Мазгалоски.

Душан Николоски барал од 81 годишниот претседетател Мазгалоски расправа за трошење на средствата.

 – Изразив сомневање за домаќинското трошење на парите, оти ќерката на Мазгалоски беше пратеник од СДСМ од Струмица во последниот состав на Парламентот. Не е грев да се види какво е трошењето, зашто членот на надзорниот одбор Зоран Јованоски не го потпишува извештајот за трошоците – објаснува Николоски.

Според него, Здружението е претворено во семејно роднински клан.

– Во органите се две внуки на претседателот и сопруга му, а благајник е зет за негова внука. Претседателот со своите роднини ме смени од членството во управниот одбор, оти барам отчет. Делегатот од Кривогаштани Спасе Цуцулески не е верификуван од базата – вели Николоски.

И Благоја Перески, инвалидизиран пензионер, не го пуштиле на собранието да слушне од прва рака што се случува со парите.

Во Здружението има околу 1900 членови.     

Loading