ГЕНИЈАЛЦИ ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД И НА СЕКОЈ ЧЕКОР

ОУ “Блаже Конески”

Veligdenskiot panagur e edna od manifestaciite vo ucilistetoНа 3. мај ООУ “Блаже Конески” ќе биде организатор на регионалниот натпревар за основни и средни училишта по англиски јазик во соработка со Асоцијацијата на наставници – ЕЛТАМ. Координатор е директорката на училиштето м-р Марија Дулевска. Во соработка пак, со Друштвото на физичарите и координација на наставничката Милева Спасеска, ќе се одржи и натпреварот по физика.

Истиот ден, училиштето ќе биде домаќин на Меѓуопштинската смотра на природници и техничари организирана со Народна техника и Димитар Мендизовски, а со помош на наставниците Бранко Бабаноски и Петар Андоноски. Од најдобрите натпреварувачи од Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Долнени во сите 23 дисциплини се формира екипа која ќе учествува на Државниот натпревар на 10 мај во Пехчево. Ученикот Давид Лазароски, како првенец на генерацијата, со менторот Бранко Бабаноски, на почетокот на мај ќе учествуваат на светското првенство на иновации од современата технологија на 21-от век,  во Турција, во градот Ескишехир.

Заедно со училиште од Варшава, Полска, во тек на изработка е проект преку “Ерасмус +” под наслов ,,Европски Кариерен Форум” кој ќе им помогне на осмоодделенците при изборот на понатамошно образование со помош на наставниците Наташа Ристеска Проданоска и Катерина Јонческа. Тимот од наставници, раководени од директорката Марија Дулевска и координаторот Гордана Џокоска оствари контакт со, основното училиште “ANGHEL SALIGNY од Констанца, Романија. Ќе се разменуваат материјали од прославата на државни и верски празници, манифестации, а во мај предвидена е и посета на училиштето во Констанца и потпишување на Меморандум за соработка. Во ноември очекуваат возвратна посета.

Се реализира и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Како еднојазично училиште на македонски јазик, треба да најдат друго еднојазично или двојазично училиште на друг наставен јазик како партнер училиште. Со НВО Порака, на иницијатива на Раде Аљакоски на 15. април се одржа Предвелигденски панаѓур на кој се продаваа изработки од децата. Со ЕВН, училиштето е вклучено во проект за заштеда на електичната енергија – Зелени енергетски клубови. Под менторство на наставниците, Весна Арсиќ и Гордана Џокоска. Се реализираат квиз натпревари, анкети, изработка на постери, беџови, флаери, видео – клипови, аматерски спотови. Училиштето аплицира до Германската амбасада, за користење на средства за замена на училишните прозорци. Со пригодна програма организирана од наставничките по германски јазик Катерина Јонческа и Евгенија Ангелеска, ги пречекале гостите од амбасадата, кои ветиле и наставни нагледни средства.   Воспоставено е партнерство и со училиште од Камник, Словенија за еко искуства. Наскоро планирана е посета на ОС “Марије Вере”. Петнаесетина ученици од осмите одделенија и координаторот Павлина Т. Ристеска, три дена ќе престојуваат во Словенија, а ќе ги посетат и Постоинската Јама, Блед и Љубљана.

Со ОУ „Добре Јованоски” на 11. април се реализираше работилницата “Опасности од болестите на зависност. Присуствуваа 42 ученици. Работилницата траеше 4 часа. Се истакна  и посетата на нагледен час во ООУ „Добре Јованоски” на наставникот Горјан Василески по историја.

Училиштето се вклучи во петтата фаза од програмата „Математика со размислување во почетните одделенија”. Наставниците Габриела Стевананџија и Дијана Смугреска од септември ќе им помогнат на наставниците како да се зголеми познавањето за квалитетна настава по математика и да се подобрат постигањата на учениците според програмите по Кембриџ- моделите. Дел се од проектот на ОХО Асоцијацијата за едукација „Сите сме еднакви” со реализација на 4 големи училишни кампањи: Ликовна изложба; Традиционални танци; Спортски и забавни игри и Разгледници кои ќе се реализираат во учебната 2014/15 год.

Успешно се вклучени во собирната акција на стари батерии “Гоу клин” поддржана од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград. Натпреварот ќе се реализира во две сесии, а еко кординатори се Драшко Дичоски, Љупчо Велкоски, Васе Антулеска и Анета Николоска. Со втората фаза од проектот „Со читање до лидерство” се во првите 40 училишта во кои кај учениците од почетните одделенија се јакнат јазичните и математичките вештини. Проектот го спроведува  фондацијата „Чекор по чекор”. За примена на инструментите ЕГРА и ЕГМА во мај ќе се изврши проценка кај 62 ученици од училиште по случаен избор.

Од септември 2013 година, се реализира проектот „Зелени училишта,  почиста околина, поздрав живот” во кој се вклучени основни училишта и од Албанија. Проектот е фокусиран на три еколошки теми: вода, отпад и заштеда на енергија, а координатор е Наташа Ристеска – Проданоска.

ИДНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ

Со сопствени средства, после 10. Јуни, ќе се заменат плочките во ходникот на првиот кат според проект од ЈП ПУП. Учениците во Варош како подрачно училиште на централното, пред почетокот на новата учебна година ќе добијат компјутери. Со помош на ЈКП Комуналец хортикултурно се уредува вториот летниковец во дворот.

ЛИКОВНИ УСПЕСИ

“Коневци” и оваа година се вклучија во реализацијата на проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи со учество на ликовниот и литературниот конкурс со поддршка на наставниците Виолета Христоска, Лидија Котеска, Дејан Ангелески, Наташа Ристеска Проданоска и Ицко Ефтимоски. Вредните детски раце изработија цртежи, краткометражен документарен филм, есеи, песнички, преку кои праќаат порака за хармонија и соживот меѓу народите. Завршната  манифестација е на 28. април.

СПОРТСКИ УСПЕСИ

Учениците Марија Томеска, Никола Томески, Андреа Петкоска, браќата Давор и Дарко Велкоски, Маја Јовческа, Гоце Ристески,  Мартин Петрески, Валентин Цветаноски, Марко Кироваков и Дамјан Кебапоски се најуспешни на џудо турнирите под менторство на Борче Спиркоски.

На општинските училишни натпревари меѓу женските екипи во одбојка за 8мо деветтолетка, екипата на ,,Блаже Конески’’ беше најдобра во состав: Сара Јанакиеска, Сања Петреска, Магдалена Ѓоргоска, Михаела Димеска, Јана Луческа, Стефани Секулоска, Михаела Ѓурѓиноска, Симона Димоска, Теодора Дренкова, Сара Мажучанец, Јасмина Димеска и Михаела Котеска под менторство на проф. Тони Николоски.  

Екипата на ,,Блаже Конески’’ го освои второто место во ракомет. Анастасија Насевска, Теодора Дренкова, Теодора Јосифоска, Михаела иломаноска, Сара Јанакиеска, Лора Аризанкоска, Александра Христоска, Михаела Димеска, Стефани Петреска, Магдалена Јовеска, Јана Луческа  под менторство на Тони Николоски дадоа максимум на теренот.

Ема и нејзината сестра Мелани Бошески беа најдобри во натпреварот во атлетика од спортски и хуманитарен карактер на Могила.

Третото место во кошарка го освоија  женскиот тим од 6то одд. Анастасија Насевска, Теодора Дренкова, Теодора Јосифоска, Михаела Иломаноска, Сара Јанакиеска, Лора Аризанкоска, Александра Христоска, Михаела Димеска, Стефани Петреска, Магдалена Јовеска, Стефани Секулоска, Јана Луческа  достојно го претставија училиштето.

Екипата на ,,Блаже Конески’’ беше 2-ро место во футсал. Боите ги бранеа Филип Димоски, Наумоски, Диме Николоски, Константин Боболосеки, Андреј Кироваков, Бојан Јованоски и Мартин Мечев.

Во фудбал машките го освоија 3 – тото место. Екипата во состав: Костадин Боболески, Бојан Јованоски, Тоше Тодороски, Стефан Наумчески, Кире Глигороски, Михаил Јованоски, Марио Наумоски, Борче Алексоски, Филип Димоски, Димче Николоски, Христијан Јованоски, Александар Цивкароски, Михаил Тодороски, Филип Црвенкоски, Андреј Кироваков и Милан Пирганоски, покажаа голема пожртвуваност на спортскиот центар Могила. Машките од 6 – то одделение помеѓу екипите од сите основни училишта стигнаа до финале. Учениците Андреј Јошески, Антонио Црвенкоски, Иле Павлоски, Кире Глигороски, Давид Дамески, Павел Димоски, Менде и Божидар Пирганоски, Виктор Филипоски, Иле Сарафилиски, Марко Маркоски, Давид Јорданоски, Давид Бопков, Антонио Андоноски го освоија второто место. Третото место кошарка помеѓу машките екипи го постигнаа Константин Боболески, Милан Пирганоски, Антонио Китаноски, Тодор Тодороски, Стефан Боцески, Бојан Јованоски, Бојан Димоски и др. 

Loading