АВЕНИЈА ОД ДВА КИЛОМЕТРИ

Pista za vlezПри крај е комплетната реконструкција на улицата “Александар Македонски” од пумпата на Макпетрол до крстоницата Солидност. Финишира асфалтирањето на делницата долга околу 1200 метри.

– Улицата е со авениски димензии од 15 метри, со по две коловозни ленти од двете страни. Ќе има и велосипедски и пешачки патеки од двете страни – рече градоначалникот Марјан Ристески.

Со овој зафат се уреди целосно влезот во градот од правецот на Градско и Кавадарци кон центарот.

Во првата фаза се прошири потегот од бензинската станица на Лук Оил до пумпата на Мак Петрол, долг околу 800 метри.

Средствата за двата дела беа главно кредит на Македонија од Светската банка. 

Loading