ЗОРАН ПОПОВСКИ

Zoran PopovskiЗоран Поповски е роден во Скопје на 08. септември 1962 година. Основно образование завршил во ОУ „Братство”, а со средно образование се стекнал во гимназијата „Орце Николов” во Скопје. Дипломирал на Природноматематичкиот факултет во Скопје и се стекнал со звањето дипломиран професор по биологија. Магистерско звање по биохемија добива на истиот факултет, а во 2002 година докторира на примена на современи ДНК методи во анималната биотехнологија.

Залагања и поенти

Зоран Поповски е претседателскиот кандидат на Граѓанската опција за Македонија на митингот во Велес ја промовираше својата програма за претседателската кандидатура.

– Ќе се залагам за обезбедување еднаквост пред Уставот и законот на сите граѓани, без разлика на нивната партиска, етничка или верска припадност. Во земјата на различности граѓаните треба да живеат едни со други, а не едни покрај други, бидејќи тоа е единствениот пат на етничка стабилност со која ќе се обезбедат политичка стабилност и економски просперитет – рече Поповски.

За него, како што рече, најважно е да се стабилизира државата.

– Важно е да воспоставиме политички дијалог помеѓу политичките субјекти во Македонија, да отвориме јавна дебата за сите клучни прашања, економијата да ја ослободиме од дневното влијание на политиката, да ги ослободиме граѓаните од драконските казни – порача Поповски. 

Loading