ЗДРАВЈЕ СО ИНТЕГА И РУСТИКА НА ТРПЕЗАТА

АД “Жито Прилеп” со нови производи

Bogatstvo na trpezata - poveke vidovi na leb od  Zito PrilepЛебот Интега со 15 проценти трици без додатоци на боја и лебот Рустика, печен во кошничка од бамбусови трски се најновите производи наменети за широка потрошувачка кои доаѓаат од најголемата компанија за производство на леб и бели печива во регионов, “Жито Прилеп”. Како бренд на градот, кој има традиција, го следи слухот на пазарот и потребите на потрошувачите, со што понуди ем вкусен, ем квалитетен леб  кој е богатство на трпезата, ем гарантира здравје и виткост за консументите.

– Со оглед на фактот дека луѓето сé повеќе се ориентирани кон здравата храна, тука вклучувајќи го и лебот, по истражувањата на пазарот и неуморното експериментирање на нашите технолози значително го подобривме квалитетот на лебот Интега, кој во себе содржи трипати повеќе трици кои благотворно дејствуваат на дигестивниот тракт и влегуваат во делот на здрава храна, препорачана од нутриционистите. Најважно е што лебот е направен без додатоци на боја. Тоа ќе се забележи врз основа на формата, големината, мирисот и вкусот – велат од Жито Прилеп.

Од први април овој вид леб регуларно се произведува и се дистрибуира во трговската мрежа.

На пазарот може да се најде и лебот РУСТИКА.

– Тој е со тркалезна форма, а на кората се видливи отпечатоци од кошничката од бамбусови трски во која се пече. Се подготвува во посебни услови од внимателно избрани природни состојки. Од специјалниот состав, се развива исклучително богат вкус и мирис, така што долго време по печењето ја задржува свежината – велат од “Жито Прилеп”.

Лебот е основниот производ секојдневно застапен на трпезата. Оттука треба да се внимава што јадеме и да се грижиме за нашето здравје.

– На пазарот се појавија разни видови леб подготвени во несоодветни услови, транспортирани во несоодветни возила и сл. Кај нас тоа не е случај. Постоиме 60 години и толку време со посебна грижа ги подготвуваме и лебот и белите печива. Потврда за квалитетот и имплементацијата на HACCP стандардот е сертификатот за квалитет и безбедност на храна добиен од сертификациската куќа TUV од Австрија. Не се плашиме од конкуренцијата. Добро е да постои, бидејќи само така се создаваат супер квалитетни производи според сите стандарди кои максимално ќе бидат прифатени од страна на потрошувачите – велат од Жито Прилеп.

Шест децениското постоење на пазарот претставува постојана грижа за задоволување на желбите и вкусовите на потрошувачите и постојано потврдување и проверка на квалитетот. Компанијата, која долго време е присутна на пазарот, постојано го следи развојот на новите технологии, особено делот за производство на леб и бели печива.

Loading