РАСТЕ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Biznismenite vnimatelno go slusaa Vicepremierot StavrevskiВицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски дојде на средба со бизнис секторот во Прилеп да ги види одблиску состојбите во стопанството и од прва рака да се запознае со нарачките за извоз, со оглед на стабилизирањето на европската економија.

На новинарско прашање за кондицијата на буџетот, тој им порача на бизнисмените дека сите плаќања од ДДВ, плати, социјални трансфери, капитални трансфери за инфраструктурните проекти и субвенциите се навремени и нема никакви доцнења.

– Буџетот е во кондиција и ликвидноста е добра. Ја задржуваме макроекономската стабилност и ниското ниво на проектиран буџетски дефицит. Остануваме четврта, најмалку задолжена земја во Европа не само годинава. И на регионално ниво и на европско, растат нарачките за извоз и очекувам подобра година во споредба со минатата – рече Ставревски.

Ставревски имаше средба со менаџментот на Витаминка.

Loading