ЧАС МРАК ЗА СПАС НА ПЛАНЕТАТА

Sekna struja eden cas za spasОдбележувањето на светската акција “Час на планетата земја” ја поддржаа локалните власти. Еден час беше исклучено осветлувањето на пешачката патека Варош, Градскиот Кеј, паркот на Могилата, како и спомен обележјата Карпалак и Прилепски Бранители. Прилеп го даде придонесот за афирмација на штедењето на фосилни енергенси и популаризација на таканаречената “зелена енергија” од обновливи извори. Со тоа градот се приклучи кон планетарната порака спроведена од 154 држави во светот, а реализирана од многу светски метрополи. Исклучувањето на осветлувањето е во насока на поткревање на свеста за намалување на користењето на енергетските ресурси и нивото влијание на климатските промени. 

Loading