СЕ ШИРИ “ТЕСНОТО ГРЛО” НА ” ДИМО НАРЕДНИКОТ”

Naskoro komocija i bezbednost za vozacite i pesaciteКонечно се расчисти теренот за проширување на улицата “Димо Наредникот” на крстосницата со улицата “Архиепископ Доситеј”. Локалните власти постигнаа согласност со сопствениците на неколку дворни места да се решат имотно правните односи и сообраќајницата да се прошири, оти беше “тесно грло” во нормалното одвивање на сообраќајот. Ќе се интервенира и на надземната инфраструктура, зашто очигледно е дека дрвена бандера со жици и на Електродистрибуција и на Телеком остана на средината од коловозот.

Не се знае кога ќе почне уредувањето на неколкуте десетина метри. Се знае дека речиси целата патека на улицата “Димо Наредникот” ќе биде ископана да се постави колекторскиот систем за фекалната канализација од проектот на ЈП Водовод и канализација за изградба на пречистителната станица. Низ целата траса на улицата минува главната фекална канализација од Тризла, која води до мостот на реката. Единствено, кружниот тек ќе остане недопрен од градежните машини. Кај хотелот Липа веќе се поставени цевките уште при градбата. 

Loading